Дома Трансфер зона Хулк започна натпревар со 97.6 килограми, а го заврши со 91.9

Хулк започна натпревар со 97.6 килограми, а го заврши со 91.9

Бразилскиот напаѓач Хулк (36) одигра 90 минути во победата на неговиот Атлетико Минеиро над Томбенесе во неделата. Хулк не само што играше, туку и го постигна победничкиот гол во 89. минута.

Сепак, поранешниот напаѓач на Порто и Зенит стана тема во медиумите поради нешто што не е поврзано со фудбалскиот терен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот се играше во 11 часот по локално време со намера да се избегнат жештините, но за време на натпреварот имаше над 30 степени.

Таквата температура беше причина Хулк да согори неверојатни 5.7 килограми. Хулк натпреварот го започна со 97.6 килограми, а кога заврши натпреварот вагата покажа 91.9 килограми.

Бразилскиот „Глобо Еспорте“ пишува дека за Хулк ова е втор натпревар во последната година да изгуби слична килажа, во текот на летото по еден натпревар падна од 97 на 91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…