Дома Останати Тенис Циципас е првиот финалист на Австралија Опен, од Ѓоковиќ се бара извинување

Циципас е првиот финалист на Австралија Опен, од Ѓоковиќ се бара извинување

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија Опен откако за три часа и 24 минути во четири сета го совлада Карен Хачанов (7:6, 6:4, 6:7 и 6:3).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вториот финалист ќе биде познат за неколку часа од мечот помеѓу Ѓоковиќ и Томи Пол.

Пред полуфиналето на Ѓоковиќ настана скандал поради ситуацијата со неговио татко. Имено, Срѓан, таткот она Ѓоковиќ се фотографираше со навивачи кои развеаа руски знамиња, додека на кошулата носеше симбол „Z“.

 Станува збор за симбол што се наоѓа на воената опрема на руските војници и така искажа поддршка на Русија во инвазијата на Украина.

Украинскиот амбасадор Васил Мирошниченко уште пред да биде објавено дека Срѓан нема да присуствува на денешниот меч на Ѓоковиќ побара српскиот тенисер јавно да се извини за потегот на неговиот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…