Дома Трансфер зона ПСЖ го „краде“ најголемиот француски талент

ПСЖ го „краде“ најголемиот француски талент

ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


19-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Черки на лето влегува во последната година од договорот па Лион ќе мора да го продава, а ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.

Покрај ПСЖ силен интерес за него покажуваат уште Ливерпул, Арсенал, Милан и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…