Дома Останати Кошарка НБА Блесна Леброн: Со 48 поени ги предводеше Лејкерс до победа 🎥

Блесна Леброн: Со 48 поени ги предводеше Лејкерс до победа 🎥

Лос Анџелес Лејкерси предводени од Леброн Џејмс тешко дојдоа до победа против Хјустон Рокетс.

Леброн играше како во најдобрите денови и постигна 48 поени, додавајќи уште девет асистенции и осум скока. Овие поени се рекорд за Леброн оваа сезона откако претходно на 30 декември постигнса 47 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересна ситуација на оваа средба видовме на почетокот кога вториот пик на драфтот Смит Јуниор дојде до Леброн и го потсети дека во првиот натпревар од неговата кариера во 2003 година играл против неговиот татко кој го носел дресот на Сакраменто.

Сепак, Леброн и на 38 години покажа дека се уште е помеѓу најдобрите во светот. На вечната листа тој е на 38.024 поени и веројатно е само прашање на време кога ќе го помине Абдул-Џабар кој е рекордер со 38.387 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бостон 118:130, Милвоки – Индијана 132:119, Кливленд – Њу Орлеанс 113:103, Њујорк – Торонто 121:123 по продолженија, Вашингтон – Годлен стејт 118:127, Атланта – Мајами 121:113, Минесота – Јута 125:126, Мемфис – Феникс 136:106, Лос Анџелес лејкерс – Хјустон 140:132

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…