Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Бобан Бабунски нов тренер на Пелистер!

Официјално: Бобан Бабунски нов тренер на Пелистер!

ФК Пелистер oбјави дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски .

Шест месеци пред истекот на договорот двете страни спогодбено се разделуваат по една година помината заедно. Клубот му се заблагодарува на Секуловски и неговиот стручен штаб за професионалноста , посветеноста и стручноста во уште една прилика што излезе во пресрет на матичниот клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига.

Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа.

Неговото претставување и почеток на подготовки е закажано за понеделник деветти Јануари 2023 година.

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…