Баерн како слободен играч ќе го ангажира холандскиот репрезентативец Дејли Блинд, пишува холандскиот весник „Телеграф“.
Фудбалерот на неколку дена пред Нова година и по враќањето од Светското првенство во Катар го раскина договорот со Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се очекува 32-годишниот дефанзивец да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на уште една.
Овој трансфер е големо изненадување со оглед на тоа што Баерн e во потрага по голман кој ќе го замени повредениот Мануел Нојер.
Фаворити за голманот на Баварците и понатаму се швајцарскиот репрезентативец Јан Зомер (Борусија Менхенгладбах побара пет милиони евра обештетување) и Александар Нојбел кој е на позајмица во Монако.
Meest sensationele transfer in winterstop: Daley Blind is op weg naar Bayern München. https://t.co/OE940dZsad
— De Telegraaf (@telegraaf) January 5, 2023