Италијанскиот тренер Антонио Конте се соочува со резултатска криза во Тотенхем, па веќе не е во топ-4 во Премиерлигата.
Конте доби големи критики од навивачите, а често се шпекулира и за негова замена, иако Италијанецот смета дека негова задача е да ја донесе титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Моја задача е да изградам проект за Тотенхем, тука сум за да ја освојам титулата а во моментов сум задоволен од процесот.
Ако не сум 100 отсто убеден дека клубот оди во вистинска насока, тогаш можам да заминам кога сакам“, кажа Конте.
Тотнем го загуби последниот меч на домашен терен со 0-2 од Астон вила и јасно е дека има некакви проблеми во Лондон.