Дома Фудбал Јувентус сака да го задржи Рабио, спреми богата понуда

Јувентус сака да го задржи Рабио, спреми богата понуда

Адриен Рабио влезе во последната година од договорот и најверојатно на лето ќе го напушти Јувентус како слободен агент.

Иако до сега немаше најави за продолжување на соработката, сепак после одличниот Мундијал Алегри сака да го задржи Французинот во своите редови.

„Старата дама“ сега му нуди на Рабио нов договор тежок осум милиони евра по сезона. Седум ќе бидат исплатени како годишна плата додека дополнителниот еден милион како бонус.

Неофицјално постои голема веројатност Рабио да ја одбие и оваа понуда од Јувнетус бидејќи тој бара годишна плата од 10 милиони евра.

Притоа, има неколку клубови од Премиер лигата кои се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСВ му нудел прв тим, но Сисе го избрал Милан: Монкада ја откри трансферната трка

Милан не можел да му гарантира минутажа на Алфаџо Сисе, но сепак го добил неговиот потпис.…