Новогодишното интервју на „Спортски.мк“ оваа година избравме да биде сосема заслужено со Европскиот шампион кој неодамна ја израдува Македонија, Бобан Илиоски.
На Европското првенство кое се одржа пред еден месец во Турција, Илиоски успеа да стигне до Европската титула победувајќи ги сите борби со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0
Во денешното интервју тој зборува за тоа што го инспирира пред борбите, каде ја пронаоѓа својата мотивација, какви се неговите планови за наредната година…
Со освојувањето на европската титула го направивте најголемиот успех во кариерата. Што значи оваа титула за тебе, дали тоа е голем мотив за нови успеси?
-Европската титула која ја освоив беше голем успех за мене и отскочна даска во понатомошната кариера.
Европската титула ја освои доминантно со три поебди од 3:0. Очекуваше ли такво нешто пред почетокот?
-Во ниту една од борбите немаше нокаут затоа што не сакав да ризикувам ниту малце, бев фокусиран на сигурна победа затоа што навистина го сакав тоа. Ми беше неопходно за да го подигнам мојот „левел“ во кик боксот на повисоко ниво.
Можеш ли да издвоиш противник кој ти направи најмногу проблеми на патот до титулата?
-Искрено првата борба ми беше најтешка, противникот беше многу физички спремен и се здобив со повреда која морав да ја носам со мене во наредните две борби.
Во Скопје другарите те пречекаа со натпис „Скопската Хиена“ по што го доби тој прекар?
-Не знам што точно ги инспирираше другарите да излезат со таква парола, но моментот дека кога ќе кажам нешто не се откажувам додека не го остварам сигурно има мал удел.
Какви ти се следните планови и цели за 2023 година?
-После Европското првенство си дадов малце одмор телото да направи „recovery“ да одморам убав и следната година повеќе ќе се посветам на професионалните борби надвор од Македонија.
Што те мотивира најмногу пред важните борби?
-Пред борбите најголема мотивација ми дава тоа што не замислуваат како мала земја и без квалитет, мотив е да им го покажам спротивното. Иако сме мала земја ние сме луѓе со борбен дух и храбра нација.
Кои се луѓето кои би ги издвоил како најважни за твојот успех?
-Пред се вербата во Господ е најважната за се што ми се случува, потоа фамилијата, тренерите, другарите и сите луѓе кои веруваат и несебично ме поддржуваат, секој има важен удел.
Каде се подготвуваш за борбите?
-Последните подготовки за Европското првенство ги поминав во Холандија во еден од најдобрите клубови во светот во кик боксот.
Имаш ли некаков посебен ритуал пред борбите?
-Пред борбите често одам во манастир и разговарам со мојот Отец, читам книги, опкружен сум со искрени и добри луѓе кои ми даваат само позитивна енергија.