Дома Фудбал Останато Како Пеле успеа да прекине војна?

Како Пеле успеа да прекине војна?

„Еден од моите најголеми успеси е тоа што ја запрев војната во Нигерија“, кажа поранешниот бразилски фудбалер Пеле, кој вчера почина на 82-годишна возраст.

Во Нигерија се водеше граѓанска војна од 5 јули 1967 до 13 јануари 1970 година и притоа загинаа над милион луѓе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во тој период бразилскиот гигант Сантос слета во нигериски град за да игра со Сентрал Вест, а Пеле откри што се случувало.

„Само хотелот и куќите беа осветлени. Се сеќавам дека го прашував менаџерот зошто е тоа така и тој ми кажа дека се обидуваат да избегнат бомбардирање од непријателот“, раскажа Пеле.

Поранешниот соиграч на Пеле, Рамос Делгадо кажа дека војната била прекината за да се одигра тој меч.

„Моќта на Пеле беше неверојатна“, кажа Делгадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…