Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ се радуваше против Леброн, Јокиќ со нов страшен трипл-дабл 🎥

Дончиќ се радуваше против Леброн, Јокиќ со нов страшен трипл-дабл 🎥

Тимот на Далас стигна до 18. победа оваа сезона во НБА лигата, изминатата вечер Мавси предводени од Лука Дончиќ го совладаа Лејкерс со 124:115.

Лејкерс подобро го започнаа натпреварот и беа подобри во првата четвртина со 28:21. Добрата игра на Леброн и друштвото продолжи и во вториот период, па така на пауза заминаа со 54:43.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас промашија голем број обиди за три поени, меѓутоа тие промашувања како да им се вратија во третата четвртина која им припадна со 51:21. Така го свртеа мечот во своја корист и славеа победа од 124:115.

Најдобар во редовите на Лејкерс беше Леброн со 38 поени, шест скоак и пет асистенции, додека Дончиќ ја заврши средбата со 32 поени, девет скока и девет асистенции.

Никола Јокиќ одново беше прво име кај Денвер и со неверојатен трипл-дабл од 41 поени и 15 асистенција и исто толку скокови го сруши Феникс.

Неизвесен беше натпреварот кој на крајот заврши 128:125 и тоа после продолженија. Денвер имаше подобар почеток на натпреварот, па така некаде на средина на првиот дел поведоа 15 поени разлика (26:11). Сепека, Феникс брзо се врати па првиот период заврши со 28:24.

Од втората четвртина Феникс беше тимот кој скоро цело време ја имаше предноста, но никако не успеваа гостите да се одлепат, па така во финишот видовме изедначување (113-113), а во продолженијата Денвер беше подобриот тим и стигна до победата. Кај Феникс најдобар беше Шемет со 31 поен, два скока и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ по поразот на Далас ги критикуваше судиите

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ по натпреварот со Бостон изјави дека неговиот ти…