Дома Фудбал На Ал-Наср му се брза: Сакаат Роналдо да потпише пред големото дерби!

На Ал-Наср му се брза: Сакаат Роналдо да потпише пред големото дерби!

Кристијано Роналдо од ден во ден изгледа е се поблиску до потпис со тимот на Ал-Наср.

Вчера беше објавено дека деталите се договорени, а денес има дополнување на оваа информација. Имено, Ал-Наср сака побрзо да го комплетира трансферот за да потпиша со Роналдо пред дербито со најголемиот ривал, Ал-Хилал.

Во овој момент Ал Наср е лидер на табелата, додека Ал Хилал е трет со само два бода заостанување и се очекува до крајот да се води борба за титулата.

Дербито во Саудиска Арабија се игра в понеделник и раководството на саудискиот тим прави се за да се комплетира потребната администрација.

Треба да се спомене дека Роналдо и да го завршат трансферот нема да има право за настап, тој ќе може да игра од 1. јануари. Меѓутоа голема би била мотивацијата кај фудбалерите ако се со Роналдо се заврши пред дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…