Дома Трансфер зона Милан се вклучи во трката за Милинковиќ-Савиќ

Милан се вклучи во трката за Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно е главна тема на Апенините бидејќи игра уште една одлична сезона.

Медиумите тврдат дека донел одлука да ја одбие понудата на Лацио за продолжување на договорот и одлучил да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.

Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

Трнерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио и сака да го убеди да му се придружи на „Сан Сиро“.

Бидејќи на лето Сергеј ќе влезе во последната година од договорот се верува дека Лацио ќе мора да се задоволи со 50 милиони евра, сума која „росонерите“се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…