Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шпански новинар: Хрватска нека и даде четири гола на Аргентина!

Шпански новинар: Хрватска нека и даде четири гола на Аргентина!

Вечерва од 20:00 часот се игра првото полуфинале на Мундијалот во Катар. За Хрватска ова е трето во нивната историја, но второ во низа после среброто во 2018 година од Русија. Хрватите имаат и бронза од 1998 година.

Аргентина до полуфиналето дојде по една тензична битка со Холандија. Тоа беше натпревар во кој видовме многу неспортски гестови, а еден од главните актери беше Меси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанскиот новинар од „Ел Чирингито“, Хунама Родригез смета дека поради таквото однесување на Аргентинците денес најголем дел од светот ќе навива за Хрватска.

„Целиот свет денес ќе навива против Аргентина. Со односот во натпреварот против Холандија го свртеа светот против себе. Моја лична желба е Хрватска да им даде четири гола, а ако Аргентина има среќа и помине во финале, тогаш таму нека прими шест од Франција.

Нивниот начин на игра не е фудбал, никој не смее и не може да ги брани за тоа што го правеа. Верувам дека постои карма и таа ќе се врати против нив“, изјави Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Коби Мејну го напушта Олд Трафорд и се сели во Серија А!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мејну, сака да игра за Англија на следното СП…