Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА потсети како Хрватска ја прегази Аргентина пред четири години

ФИФА потсети како Хрватска ја прегази Аргентина пред четири години

Вторпат во низа Хрватска ќе игра полуфинале на едно Светскот првенство, а третпат ќе се бори за медал после бронзата во 1998 и среброто во 2018 година.

Противник на Хрватска вечерва ќе биде Аргентина предводена од Лионел Меси кој игра одличен Мундијал и на 35 години. Ова веројатно е последно СП за Меси, но е последно и за Модриќ, па затоа и Хрватска сака да го испрати својот великан на најдобар начин.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Минатото СП во Русија Хрватска и Аргентина се сретнаа во групната фаза, а славеа „коцкестите“ со 3:0. Но, треба да се знае дека од тој натпревар до денес има големи промени. Хрватска ги нема два од трите стрелци, во репрезентацијата не се Анте Ребиќ и Иван Ракитиќ.

Најголем дел од регионов ќе навива за Хрватска, а ќе видиме вечерва што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ноер упати остри критики кон Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала

Мануел Ноер, голманот на Баерн, упати остри критики кон голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума…