Дома Трансфер зона Кејлор Навас ќе биде решението на проблемите за Баерн Минхен?

Кејлор Навас ќе биде решението на проблемите за Баерн Минхен?

Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок ќе биде принуден да реагираи  да доведе нов голман поради тешката повреда на Мануел Ноер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ноер заработи скршеница на ногата додека бил на скијање после настапот на Мундијалот и поради тоа нема да биде во комбинација за настап до крајот на сезоната. Баерн затоа ќе мора да доведе нов чувар на мрежата.

Според информациите изборот паднал на Кејлор Навас. Костариканецот кој е дел од ПСЖ сезонава е во сенка на Донарума и нема да биде изненадување ако Париз го замени со Минхен.

Во текот на летото Навас се поврзуваше и со Наполи, но тој трансфер на крајот не се реализираше и голманот остана на „Паркот на принцовите“.

Сепак кај Галтие не добива многу прилика и Донарума е прв голман, па затоа може да се реши за промена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…