Дома Трансфер зона Најави ли таткото на Халанд брзо заминување од Манчестер Сити?

Најави ли таткото на Халанд брзо заминување од Манчестер Сити?

Ерлинг Халанд одлично се вклопи во Манчестер Сити, но неговиот татко најавува дека можеби нема да остане долго на „Етихад“.

Халанд веќе ги оправдува вложените 60 милиони евра, Норвежанецот бележи неверојатни бројки во Премиер лигата каде веќе има постигнато 18 гола на 13 натпревари.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тој потпиша повеќегодишен договор, поточно до 2027 година и е меѓу најплатените „граѓани“. Сити сигурно се надева дека ќе остане што е можно подолго, меѓутоа не е во таква насока изјавата на неговиот татко Алфи Халанд.

„Ерлинг би можел да остане во Сити во следните 15 години, бидејќи е многу среќен и зборуваме за огромен клуб. Но, моите убедувања се дека тој сака да докаже дека може да победува во која било голема лига.

Две ипол години беше во Германија, сега во Англија докажува дека победуваи тука, а за две-три години може да биде во Италија, Шпанија или Франција. Нема ништо конкретно, меѓутоа тоа е начинот на кој Ерлинг би покажал дека може да биде успешен секагде“, изјави таткото на фудбалерот на „граѓаните“ за „Франс Фудбал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…