Дома Фудбал Останато Давидс: Шокиран сум од однесувањето на Меси

Давидс: Шокиран сум од однесувањето на Меси

Легендарниот холандски фудбалер Едгард Давидс кој сега е асистент во репрезентацијата на Холандија на Луис Ван Гал истакна дека е шокиран од однесувањето на Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имаше многу тензии во натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина, а на крајот Аргентинците се пласираа во полуфиналето после подоброто изведување на пенали. Меси при постигнувањето голот славеше непримерно кон Луис Ван Гал.

Давидс не криеше дека бил шокиран од таквиот однос на Меси.

„Не знам што се случи со Лео, шокиран сум од гестот кон сите нас“, изјави Давидс.

И по натпреварот Меси имаше вербални расправии во кои во главни улоги беа Давидс, Ван Гал и Меси.

Во полуфиналето Аргентина ја чека сигурно тежок испит против Хрватска која и овој Мундијал покажува дека е голема репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…