Репрезентацијата на Хрватска приреди големо изненадување откако вечерва го победи Бразил на пенали во четвртфиналето од Светското првенство.
Во продолжението стрелец на голот беше Бруно Петковиќ кој го изедначи резултатот во 117. минута. Како и останатите репрезентативци и Петковиќ тешко можеше да ја опише радоста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам што да кажам…Не можам да опишам! Ова беше највредниот гол во мојот живот. Татко ми секогаш вели дека ќе дадам гол, треба почесто да го слушам. Ливи ни ја олесни задачата. Имаше драма, но покажавме дека не сме случајно тука“, изјави Петковиќ.
Интересно е што како и пред четири години Хрватска повторно сигурно чекори на Мундијалот со победи на пенали. Во Русија Хрватска сллавеше во сите нокаут рунди до финалето по изведување пенали. Во полуфиналето, противник на Хрватска ќе биде Холандија или Аргентина.
Brasil 1×1 Croácia
— Diário de Gols, infos e Stats | Olho no fixado 👀 (@DiarioGols) December 9, 2022
⚽️ Bruno Petkovic
🥾 Milos Orsic
pic.twitter.com/62Hf8WktNA