Најдобриот македонски Таеквондист и освојувач на сребрен медал на последните Олимписки игри Дејан Георгиевски славеше против Мартин Соарес кој беше прв носител на „Гранпри финале“ турнирот во Саудиска Арабија.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Прво Георгиевски беше подобар од светскиот вицешампион Иван Гарсија Мартинез, а сега го совлада и Бразилецот, Мартинн Соарез. Борбата Георгиевски ја доби во две рунди со 9:5 и 6:0.




Сега Георгиевски е на чекор до уште еден голем медал кој по значење е веднаш под олимпиското сребро. „Гранпри финале“ е турнир каде што се натпреваруваат најдобрите борци од целиот свет и може да се учествува само со лична покана од организаторите.




Георгиевски е првиот Македонец кој ќе се бори за медал на еден од најважните турнири во таеквондото.