Реномираниот италијански весник „Газета Дело Спорт“ откако ги објави платите во најголемите италијански клубови, дојдоа на ред и оние помалите, а за нас посебно е интересна Џенова, во која настапува македонскиот капитен Горан Пандев.
Пандев ова лето имаше бројни понуди да ја напушти Џенова, но сепак одлучи да остане Џенова и тука да ја заврши кариерата, но за далеку помала плата. Струмичанецот го продолжи договорот според кој во новата сезона ќе заработува 500.000 годишно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според ова македонскиот капитен е еден од послабо платените фудбалери во еден од најстарите италијански клубови.
Фудбалери со најголеми примања во редовите на Џенова се новајлиите кои пристигнаа од редовите на „росонерите“, Андреа Бертолачи и Џанлука Лападула, со два милиони, односно 1.5 милион евра по сезона.