
Шведскиот интернационалец, неодамна повторно стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и во Манчстер ќе остане уште една сезона.
Но, во меѓувреме некои работи се сменија, а неговата неизвесност до самиот крај му донесе и нов број на дрес во екипата. Тој го доби бројот 10 кој стоеше долги години на грбот на Вејн Руни пред да замине летово во редовите на Евертон.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Во врска со новиот дрес, Ибра во свој стил постави слика на својот твитер профил на која вели: „Јас никогаш не заминав, само го унапредив бројот“.
За потсетување, Ибрахимовиќ пред крајот на изминатата сезона заработи повреда на коленото, од која се уште закрепнува.
I never left, I just upgraded my number @ManUtd pic.twitter.com/lgSviWHzei
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 7, 2017