Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мбапе испиша историја: Ова не му успеало на никој претходно

Мбапе испиша историја: Ова не му успеало на никој претходно

Репрезентацијата на Франција лесно се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар откако денес ја совлада Полска со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Два гола за Франција постигна Килијан Мбапе, а еден Оливие Жиру. Мбапе ги против Полска ги постигна својот осми и деветти гол на Светските првенства.

Уште со првиот гол напаѓачот на ПСЖ испиша историја така што стана првиот фудбалер во историјата кој пред да наполни 24 години постигнал осум гола на Мундијалите.

Мбапе 24 години полни на 20. декември, само два дена по финалето на Светското првенство.

Франција засега и според играта изгледа како еден од најсериозните кандидати за светската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Новинар дозна кој е бомбата на Реал од 150 милиони евра: Бев шокиран, не можев да верувам…

Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на…