Дома Фудбал Италија И Алегри ја понудил својата оставка заедно со Ањели и Недвед

И Алегри ја понудил својата оставка заедно со Ањели и Недвед

Масимилијано Алегри остана во Јувентус и откако си замина комплетната управа, а сега италијанските медиуми откриваат дека и Алегри ја понудил својата оставка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заминувањето на Алегри не го дозволил сегашниот Џон Елкан кој веќе и потврди дека Алегри ќе остане.

Јувентус има загуба од 250 милиони, но семејството Елкан се подготвени за нова финансиска инекција, едноставно имаат многу пари и сега сакаат подиректно да учествуваат во управувањето на клубот преку своите блиски луѓе.

Нема да биде лесно, особено што истрагата виси над клубот, Јувентус би можел да плати огромна казна, да биде санкциониран со одземање бодови, но и по некое сценарио исфрлање од лигата.

Има гласови и од други земји, особено од Шпанија, од Тебас, претседателот на тамошната лига, дека Јувентус треба да биде исфрлен од Европа поради финансиски фер-плеј.

Работата е само на почеток, но јасно е и дека клубот се обидува да се огради од она што беше направено со заминувањето на управата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…