Германскиот стручњак Кристоф Даум користел ригорозни методи на тренинзите во текот на двегодишната епизода на клупата на Романија.
Поразот од Црна Гора за репрезентацијата на Романија значеше и крај на сите надежи за пласман на Светското првенство на селекцијата на Романија, а како и што е вообичаено цената за неуспехот ќе ја плати селекторот Кристоф Даум кој ќе остане на селекторското место на само уште два натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но пред крајот на неговата „ера“ на клупата на Романија фудбалерот на оваа репрезентација Габриел Торје изнесе сериозни обвинувања.
„Никој не смееше ништо да му каже во поглед на тактиката и играта…Со никого не разговараше. Во една ситуација дури и не тераше да буткаме автобус. Започнавме петмина, а потоа ни се придружи и остатокот од тимот, го буткавме сите“, откри Торје
Со слични тренерски методи Даум се служеше и порано. Кон крајо на деведесетите години кога како тренер на Баер Леверкузен во една ситуација на фудбалерите им даде задача да трчаат низ изкршено стакло.