Дома Фудбал Пикси пред Камерун порача: За нас сега почнува вистинскиот Мундијал!

Пикси пред Камерун порача: За нас сега почнува вистинскиот Мундијал!

Од 11 часот денес започнува мундијалската програма, а првиот натпревар е помеѓу Србија и Камерун кој е и тоа како важен за нашиот сосед.

 Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси истакна дека по поразот од Бразил за нив сега започнува вистинското Светско првенство.

„За нас Мундијалот практично почнува по натпреварот против Бразилч. Во мојата глава пред дуелот со Бразил имаше страшна конфузија и тоа еден ден ќе морам да го објаснам. Остануваме позитивни и гледаме напред. Добро е што Бразил помина, па сега имаме противници со кои можеме да играме „лице во лице“, верувам дека можеме да продолжиме понатамму“.

На прес-конференцијата Пикси исто така истакна дека пред доаѓањето во Катар имале големи проблеми.

„Ситуацијата со повредите е многу подобра отколку од пред четири или пет дена. Верувајте кога дојдов во Катар не знаев кој ќе стартува, седум-осум играчи не тренираа, меѓутоа тоа не можев јавно да го кажам“, изјави Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…