Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси: За нас сега почнува Мундијалот!

Меси: За нас сега почнува Мундијалот!

Репрезентацијата на Аргентина го запиша првиот триумф на Светското првенство против Мексико (2:0).

Херој за „гаучосите“ повторно беше Лео Меси, кој после мечот истакна дека за нив Мундијалот почнува сега и дека следи ново финале.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За нас, Мундијалот почнува сега. Ни беше многу тешко по поразот од Саудиска Арабија. Деновите беа долги и сакавме да покажеме дека вредиме повеќе. Ова е причина за радост и мир и сега работите зависат само од нас. Мора да веруваме во успех. Немаме друг избор“, кажа Меси.

Аргентина е втора во групата Ц со три бода, односно еден помалку од лидерот Полска, а тие во последното коло ќе решаваат за место во нокаут фазата, додека Саудиска Арабија ќе се надева на триумф против Мексико и пласман меѓу најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…