Дома Фудбал Камерунец му пресуди на Камерун🎥

Камерунец му пресуди на Камерун🎥

Швајцарската репрезентација запиша минимална, но значајна победа против Камерун во првиот меч на Мунијалот.

Херој за Швајцарците беше родениот Камерунец, Емболо, кој го постигна единствениот гол на мечот.

Камерун имаше свои шанси во првото полувреме, но не успеа да го свлада расположениот голман Зомер.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи на стартот на вториот дел кога Емболо кој е роден во Камерун го совлада Онана. 

Швајцарија после успеа да го зачува резултатот и да се заканува со контранапади, а Сеферовиќ пропушти одлична шанса да зголеми на 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанските гиганти играат на сигурно: Каде е шансата за младите тренери?

Европските разочарувања на Јувентус, Милан и Аталанта отворија поширока дебата: дали најго…