Дома Фудбал Репрезентации Колина објасни зошто натпреварите на Мундијалот имаат долги продолженија

Колина објасни зошто натпреварите на Мундијалот имаат долги продолженија

Легендарниот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина, кој е и прв човек на судиската организација ФИФА, објасни зошто натпреварите на Светското првенство имаат подолги продолженија од вообичаеното.

Според статистиката, во четири досегашни натпревари, прекините биле над 45 минути. Само на натпреварот меѓу Англија и Иран првото полувреме беше продолжено за 14 минути, а второто за 10 минути.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Причината за тоа е – се надокнадува целото изгубено време и фактот што има помалку од една половина ефективна игра на теренот.

„Сакаме да избегнеме да има само 42, 43 или 44 минути ефективно играње на теренот, сакаме да го надоместиме времето поминато на замени, пенали, прослави, медицински интервенции или гледање ВАР“, изјави Колина.

Тоа е дефинитивно вистинската работа тогаш, затоа што во превод значи – нема „крадење“ време, секој „украден“ момент или доцнење кога ќе се прекине играта, судиите ќе го надоместат.

Точно е дека е подобро за фаворити отколку за аутсајдери, но сведоци сме дека тимовите кои имаат позитивен резултат на сите можни и невозможни срамни начини понекогаш се обидуваат да украдат уште една секунда повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…