Дома Фудбал Нема крај на проблемите, уште една француска ѕвезда се повреди

Нема крај на проблемите, уште една француска ѕвезда се повреди

Нема крај на проблемите за францускиот селектор Дидие Дешамп пред почетокот на Светското првенство.

Откако вчера Карим Бензема отпадна, а денеска беше потврдено дека веќе е на лекување во Мадрид, попладнето Едуардо Камавинга почувствува болка во мускулот и го пропушти тренингот.

Засега нема информации за потенцијална повреда, но се очекува вечерва да му бидат направени детални лекарски прегледи. После тоа ќе се знае дали играчот на Реал ќе може да продолжи на Мундијалот.

Покрај Бензема, на самиот старт на подготовките се повреди Нкунку, а претходно поради повреда отпаднаа Канте, Погба и голманот Мењан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…