Дома Фудбал Англија ја има најскапата репрезентација на Мундијалот

Англија ја има најскапата репрезентација на Мундијалот

Според студијата подготвена од Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES), селекцијата на Англија ја има најскапата екипа на претстојното Светско првенство. 

Англиската репрезентација е проценета на 1,5 милијарди евра, втора на листата е селекцијата на Бразил која вреди 1,4 милијарди а трета Франција со 1,3 милијарди евра.

Најскап играч на Мундијалот е Французинот Килијан Мбапе. „Трансфермаркт“ проценува дека вреди 160 милиони евра. Втор е бразилецот Винисиус Жуниор чија вредност е 120 милиони евра, додека трет е Англичанецот Фил Фоден кој чини 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…