„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус почнал да работи на трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и сака да го донесе во јануари.




Јувентус лошо ја отвори сезоната, веќе заостанува 10 бода од врвот и сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Примарна цел е Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Јувентус веќе има план како да го донесе Србинот во Торино.




Имено, „бјанконерите“ се спремни да го продадат Рабио во јануари, да го растеретат буџетот и да испратат богата понуда за СМС.




Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот, па медиумите тврдат дека Лацио е спремен да прифати понуда од 70 милиони евра.