Англискиот гигант Манчестер Јунајтед излезе со ново соопштение за контроверзното интервју на Кристиано Роналдо.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова е второ соопштение на Манчестер Јунајтед во кое се огласува за ситуацијата со Роналдо и неговите изјави каде ги критикува сите структури во клубот: раководството, тренерот и соиграчите.




„Манчестер Јунајтед утрово започна со конкретни чекори како одговор на неодамнешното интервју на Кристиано Роналдо. Нема да даваме дополнителни коментари додека овој процес не заврши“, стои во краткото соопштение на Манчестер Јунајтед.




Англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот ќе биде жестоко казнет финансиски, а клубот веќе работи на раскинување на договорот.
ℹ️ Club statement.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 18, 2022