Македонија денес ремизираше против Финска 1:1, а по натпреварот селекторот Благоја Милевски истакна дека е задоволен од некои работи, но од некои и не.
За овој натпревар се врати Илија Несторовски кои денес имаше три добри прилики да погоди, но не реализираше
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ме радува враќањето на Илија, жал ми е што не постигна гол имаше три или четири прилики. Не сум задоволен од целосната слија, има тактички работи кои треба да ги поправиме. Таа е нашата филозофија се обидовме со еден висок пресинг како и секогаш. Не можам да бидам незадоволен, но има работи и од кои не сум задоволен“, изјави Милевски.
Многу време за припреми нема, следниот пријателски натпревар против Азербејџан во недела ќе биде последен пред квалификациите за Европското првенство во март.
„На почетокот од мојата работа кажав дека и треба освежување на селекцијата. Бевме приморани во ,од” да се подготвуваме. Немавме време за пријателски натпревари“, истакна селекторот.