Дома Фудбал Гвардиола го демантира Роналдо: Тоа не е вистина

Гвардиола го демантира Роналдо: Тоа не е вистина

Кристиано Роналдо во бомбастичното интервју меѓу другото изјави дека бил блиску до трансфер во Манчестер Сити пред да се пресели на „Олд Трафорд“.

Роналдо изјави дека бил блиску до потпис за Манчестер Сити, но на крајот решил да потпише за Манчестер Јунајтед поради неговото минато со „црвените ѓаволи“.

Сепак, „граѓаните“ се изненадени од ваквите изјави и извори блиски до клубот тврдат дека тие биле всушност кои решиле да се повлечат од зделката.

 Се огласи и Гвардиола, кој исто така демантираше дека го сакале Роналдо.

„Не, не знам ништо за тоа. Немавме никаков контакт со него. Не знам зошто го кажа тоа, но не е вистина“, краток беше Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…