Дома Трансфер зона Гундоган го одби Ливерпул, отворен за преселба во Баерн

Гундоган го одби Ливерпул, отворен за преселба во Баерн

Илкај Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германските медиуми пренесуваат дека нема најави за продолжување на соработката со „граѓаните“, а целата ситуација будно ја следат Баерн Минхен и Ливерпул.

Баварците и во минатото го сакаа германскиот репрезентативец, а сега гледаат идеална шанса да го доведат на „Алијанц Арена“.

Клоп сака повторно да соработува со Гундоган, но тој јавно потврди дека никогаш не би потпишал за Ливерпул поради почит кон Манчестер Сити.

Поради тоа Баерн важи за фаворит за неговиот потпис, а Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…