Дома Фудбал Англија Жоао Марио откри детали од средбата на Роналдо и Бруно🎥

Жоао Марио откри детали од средбата на Роналдо и Бруно🎥

Кристиано Роналдо е во центарот на вниманието после контроверзното интервју кое го даде кај Пирс Морган.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо ги критикуваше клубот, раководсвото и тренерот Тен Хаг, а денес главна тема е неговата ладна средба со соиграчот Бруно Фернандеш на собирот на репрезентацијата на Португалија.

Бруно едвај и да му пружи рака на Кристиано за да се поздрават на првата средба во португалската репрезентација пред заминувањето на Мундијалот во Катар.

Нивниот колега Жоао Марио се обиде да ги смири страстите и вели дека станува збор за шега.

„Бруно пристигна последен во соблекувалната и Роналдо го праша да не патуваше со брод. Тоа е нивна интерна шега, па тие се соиграчи во Манчестер јунајтед и во нашата репрезентација. Да, ги видов фотографиите, но не верувам дека е нешто сериозно“, изјави Жоао Марио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …