Дома Трансфер зона Ѕвездата на Баерн: Би сакал да играм заедно со Жиру во Милан

Ѕвездата на Баерн: Би сакал да играм заедно со Жиру во Милан

Францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Бенџамин Павард, непријатно ги изненади клупските челници со изјавата дека ја разгледува и опцијата да игра во некоја друга држава.

Павард има договор со Баварците до 2024 година, но веќе размислува за заминување, а откри дека сака да игра во Серија А во дресот на Милан.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Играм во Германија веќе седум години и со Баерн освоивме се. Отворен сум да разгледам нови проекти. Оливие Жиру секогаш ми кажува дека Италија е земја каде се живее 100% за фудбал. Ми кажа за магијата на големите дербија како и прославата на титулата со Милан. Би сакал да играм заедно со него бидејќи тој ми е добар пријаел. Да видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Павард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…