Дома Останати Кошарка НБА Вориорси издоминираа против Спарс, Атланта повторно славеше против Милвоки 🎥

Вориорси издоминираа против Спарс, Атланта повторно славеше против Милвоки 🎥

Eкипата на Голден Стејт полека почнува да добива лик на шампионскиот тим од минатата сезона и во последниот натпревар го декласираа Сан Антонио Спарс со 132:95. За Вориорси ова беше четврти триумф на последните пет натпревари.

Очигледно периодот во кој губеа по пет натпревари во низа е зад нив и навивачите може да очекуваат добри резултати. Џордан Пул беше најдобриот со 36 поени, а Стеф Кари имаше учинок од 16 поени и пет скока и асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Атланта вторпат поред го победува Милвоки, овој пат на гостински терен со 106:121. „Елените“ сега имаат само три порази оваа сезона, а два се Атланта. Со овој пораз тие паднаа на втората позиција на Истокот. Најдобар кај Бакси беше Антетокумпо, но неговите 27 поени и осум скока не помогнаа тимот да го избегне поразот. Хантер со 24 и Јанг со 21 ја водеа Атланта до триумфот. Треба да се знае дека Мидлтон и Холидеј не настапија во редовите на Атланта.

Драматично беше на Флорида каде што Мајами беше подобар од Феникс со 113:112. Феникс имаше плус 13 на осум минути до крајот меѓутоа на крајот го изгубија натпреварот. Најдобар во редовите на Мајами беше Адебајо со дабл-дабл од 30 поени и 10 скока, додека кај Феникс Девин Букер постигна 25 поени и додаде осум скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит-Торонто 111-115, Орландо-Шарлот 105-112, Бостон-Оклахома 126-122, Мајами-Феникс 113-112, Хјустон-ЛА Клиперс 106-122, Милвоки-Атланта 106-121, Г. Стејт-С. Антонио 132-95.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…