Дома Останати Тенис Изненадување во Торино: Надал поразен на стартот!

Изненадување во Торино: Надал поразен на стартот!

Тејлор Фриц на завршниот мастерс во Торино влезе како замена за Карлос Алкараз, меѓутоа тоа не го спречи да направи големо изненадување победувајќи го Рафаел Надал со 2:0 во сетови (7:6, 6:1).

Неизвесност имаше само во првиот сет во кој Американецот прв пропушти шанса за брејк, меѓутоа во тај-брејкот беше одличен и го доби со 7:3. Надал по тој загубен тај-брејк како да се распадна и многу лесно го загуби вториот сет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мечот помеѓу Надал и Фриц беше втор од зелената во групната фаза, претходно Каспер Руд го елиминираше Огер-Алиасим исто така со 2:0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз им се закани на противниците: Моето ниво е сè подобро

Карлос Алкараз изгледа сè посигурен, и до противниците испрати јасна порака дека е подготв…