Селекторот Благоја Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Финска и Азербејџан.




Напаѓачот Александар Трајковски беше на списокот на Милевски, но сега пристигна информација дека поради повреда ќе го пропушти овој репрезентативен собир.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан“, соопштија од федерацијата.




Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски. Во Скопје на 17. ноември прво гостува Финска, а три дена подоцна Азербејџан.