Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар ја потврди позајмицата на Борко Ристовски

Вардар ја потврди позајмицата на Борко Ристовски

Вардар вечерва ја потврди најавената позајмица на Борко Ристовски во германски Лемго.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Голманот Борко Ристовски во следните два месеци ќе биде член на бундеслигашот Лемго, како позајмен играч. Потоа се враќа во Вардар каде ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.

Управата на Лемго се обрати до Вардар со молба да им го позајми нашиот голман до крајот на годината со оглед на тоа што нивниот се повредил, а имаат важни мечеви во домашното првенство.

Вардар со задоволство одговори на барањето на Лемго и го ослободи Ристовски, чиј трансфер беше денеска целосно комплетиран и тој до крајот на годината ќе настапува во Бундеслигата. Потоа Ристовски ќе се врати во Скопје каде ќе биде дел од Вардар во пролетниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…