Дома Фудбал Сон го пропушта дербито со Ливерпул

Сон го пропушта дербито со Ливерпул

Ѕвездата на Тотенхем, Хјун Мин Сон ќе го пропушти дербито со Ливерпул овој викенд поради повредата со која се здоби синоќа против Марсеј.

Сон во еден момент ги загрижи сите откако имаше непријатен удар со главата, па мораше предвреме да го заврши мечот.

Лекарските прегледи покажаа дека за среќа нема тешка повреда, само мал потрес на мозокот.

Меѓутоа постои протокол за такви повреди кој мора да се испочитува, а тоа значи дека ќе мора да мирува во следите шест дена.

Поради тоа Кореецот сигурно ќе го пропушти дербито со Ливерпул, а се очекува да се врати за мечот со Лидс, последен пред Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…