Александар Васоски останува тренер на Академија Пандев затоа што оставката која ја поднесе после вчерашниот пораз од Работнички не е прифатена.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на клубот и покрај лошите резултати од неговото пристигнување одлучи да го задржи на клупата. Очигледно дека во струмичкиот клуб веруваат во Васоски и сметаат дека во овој момент не можат да најдат подобро решение.




Васоски во клубот се врати по заминувањето на Ѓорѓе Стојчев, меѓутоа на пет првенствени натпревари не успеа да победи. Академија Пандев од почетокот на сезоната освои само осум бода и се наоѓа во долниот дел од табелата.




Од враќањето во Академија Пандев Васоски единствените две победи ги оствари во Купот на Македонија.