Дома Македонски спорт Мак фудбал Воска падна во Автокоманда: Еврогол на Мицевски, Вардар се врати на врвот! 🎥

Воска падна во Автокоманда: Еврогол на Мицевски, Вардар се врати на врвот! 🎥

Вардар славеше во дербито против Воска и се врати на првото место во Втората лига. Денес во Автокоманда црвено-црните славеа победа од 2:1.

Победата против Воска Вардар ја обезбеди во првите 20-тина минути од натпреварот. Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18-тата минута, а потоа, Дарко Мицевски со еврогол зголеми на 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите 45 минути поминаа во вистинска доминација на Вардар и можеше Воска да прими и повеќе голови, но сепак изостана реализацијата, па Воска имаше прилика да се надева да остане непоразени.

Без многу шанси на десет минути пред крајот Воска доби пенал со кој го намали резултатот. Претходно во 56. минута Бехар Фета имаше одлична можност, меѓутоа Гачевски одбрани. Тоа практично беше и се од Воска во овој дуел.

На табелата сега Вардар има 25 бода, два повеќе од второпласираната Воска за која ова беше прв пораз после седумте победи и двете нерешени.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…