Дома Фудбал Англија Познато зошто Конте одбива нов договор со Тотенхем

Познато зошто Конте одбива нов договор со Тотенхем

Тотенхем сака да го задржи Антонио Конте на кормилото и спрема понуда со која ќе го направи Италијанецот еден од најплатените тренери во светот.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем му доставил понуда тешка 20 милиони евра по сезона, но Конте одолговлекува со потписот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Конте постојано ги одложува преговорите околу новиот договор со Тотенхем, а тоа е знак дека сака да го напушти клубот.

„Газета дело Спорт“ ја открива причината и пренесува дека Конте сака на лето да се врати во Јувентус и да го наследи Макс Алегри.

Алегри има уште една лоша сезона со „старата дама“, па претседателот Ањели стапил во контакт со Конте и му го понудил кормилото на Јувентус со цел да го врати клубот на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Објавени и видеа: Пакета тешко ќе докаже дека е невин во обвинувањата за обложување

Лукас Пакета тешко ќе докаже дека е невин во обвинувањата за обложување. Претходно беше об…