Дома Фудбал Лоши вести за АЕК: Се повреди Тричковски

Лоши вести за АЕК: Се повреди Тричковски

Иван Тричковски, поранешниот македонски репрезентативец ќе биде надвор од терените три недели. Повредата Тричковски ја заработил во натпреварот против неговиот поранешен клуб АПОЕЛ.

Пред пет дена против АПОЕЛ Тричковски излезе на полувремето, а подоцна клубот објави дека станувало збор за повредата. По натправените прегледи потврдено е дека ќе мора да паузира три недели. Токму поради повредата Тричковски не е во конкуренција за денешниот дуел против Динамо Киев од Лигата на Европа.

„Иван Тричковски поради повреда ќе биде надвор од терените две до три недели. Состојбата ќе му се следи секојдневно“, потврдија од АЕК.

За Тричковски повредата доаѓа во период кога игра во одлична форма, на последните три натпревари постигна четири гола. Во првенството на шест натпревари има четири гола,.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала пред враќање, но Рома со Мора и Суле ќе го нападне Каљари

Рома се подготвува за промени во одбраната, а Дибала се очекува на клупата по повредата. К…