Дома Останати Тенис Надал се враќа на терените и ќе игра на турнир кој никогаш не го освоил

Надал се враќа на терените и ќе игра на турнир кој никогаш не го освоил

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал, по двомесечна пауза ќе се врати на теренот. Надал прво се опоравуваше од повреда, а потоа стана и татко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освојувачот на рекордни 22 Грен слем титули потврди дека ќе се врати на 31 октомври на АТП Мастерс 1000 серијата во Париз, еден од ретките турнири што никогаш не ги освоил.

До крајот на сезоната ќе одигра уште еден турнир, на кој исто така никогаш не славел, а тоа е Завршниот Мастерс во Торино.

Надал годинава ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос, а моментално е на второто место на АТП листата, зад сонародникот Карлос Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…