Дома Фудбал Останато Ангеловски: Понудив оставка, но претседателот ја одби

Ангеловски: Понудив оставка, но претседателот ја одби

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски за хрватските медиуми потврди дека понудил оставка од тренерското место во Горица, но бил одбиен од раководството на клубот.

Игор Ангеловски се уште нема победа во хрватското првенство со Горица, во седумте меча во кои ја водеше екипата има шест порази и едно реми.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Од професионална и морална обврска, почувствував дека морам да одам кај претседателот и да му понудам оставка. Претседателот не го прифати тоа и сега се подготвуваме за Хајдук. Се договоривме за некои работи за тоа како можеме да се обидеме да излеземе од ова. Мислам дека можеме, дека играчите треба да ја разберат ситуацијата“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Милер сака на уникатен начин да се збогува со навивачите на Баерн

Легендарниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер, по 25 години преданост кон баварскиот клу…