Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Брајтон со 3:1 во натпреварот од 13. коло на англиската Премиер лига.
Ерлинг Халанд денеска повторно блескаше постигнувајќи ги 16-от и 17-от гол во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити ја имаше иницијативата од самиот почеток. Најмногу се играше на половината на Брајтон, а првото возбудување го чекавме до 20. минута кога Ерлинг Халанд беше соборен во шеснаесетникот на гостите, но судијата Повсон по консултација со ВАР реши да не покаже на белата точка. .
Оваа одлука како да го налути одличниот напаѓач на „Граѓаните“, кој набрзо потоа постигна гол и му носи водство на својот тим по само две минути. Топката феноменално ја исфрли голманот Едерсон, стигна до Халанд, голманот на Брајтон Санчез погрешно ја процени ситуацијата и излета со што му олесни работата на Норвежанецот.
Ако немаше пенал во 20. минута, имаше во 43. минута. Капитенот на гостите Данк го собори Бернардо Силва во шеснаесетникот, а судијата Повсон немаше дилема. Халанд ја презеде одговорноста и го постигна својот 17-ти гол во Премиер лигата во сезоната.
Брајтон преку Тросард успеа да намали и да ја врати неизвесноста, сепак пред крајот сите дилеми околу победникот ги реши Кевин Де Брујн кој ги постави конечните 3:1.
Во вториот натпревар во истиот термин Евертон го совлада Кристал Палас со 3:0.